YouTube го замени Flash со HTML5 за сите видеа

Дејан Соколоски

во Веб

YouTube го замени Flash со HTML5 како стандард за репродукција на своите видеа. Промената стапува на сила веднаш за сите прелистувачи Chrome. IE 11 и Safari 8 како и за бета верзијата на Firefox, јави TechCrunch. „Во комбинација со Common Encryption сега може да поддржиме повеќе технологии за заштита на содржини на различни платформи со единствен сет на средства, ова ќе ги овозможи побрзо YouTube видео“, вели Ричард Леидер од YouTube.

Промената ќе овозможи имплементација на VP9 видео кодекот на Google, што ќе овозможи скратување на периодот за започнување на видеото од 15 до 80 отсто и намалување на интернет сообраќајот за видео за 35 отсто.

1 коментар на “YouTube го замени Flash со HTML5 за сите видеа

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии