Youtube го купи Green Parrot, студио кое ќе ви ги прави видеата подобри

Green Parrot Pictures е ирска компанија која е составена од мал тим на инженери, чија технологија ја користеле големите студиски продукции од Lord of the Rings до X-Men и Spider-Man. Green Parrot Pictures за Youtube ќе го подобрат квалитетот на аматерските снимки кои се снимани со непрофесионални уреди, како ова видео од немирите од Либија. Технологијата која ја имаат изградено Green Parrot на ваквите видеа може да им ја изостри сликата, да го редуцира визуелниот шум и да ја стабилизира сликата, се додека се качува видеото. И покрај сите тие подобрувања видеата ќе изгледаат подобро, а во исто време ќе користат помалку интернет сообраќај и брзината на прикажување ќе се зголеми.

Ако ви звучи премногу добро за да биде вистинито, погледнете што се можат да направат детално на нивната страница, а како еден пример и видеото подоле, каде е демонстрирана можноста за стабилизирање на сликата.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии