YouTube е кралот на музиката со 10-та песна што надмина милијарда прегледи

YouTube доживеа мал музички јубилеј откако го добија и десеттото музичко видео со над милијарда прегледи. Тоа што е интересно е што по рекордот на Psy со Gangam Style, видеата на музичарите сега побрзо стигаат до милијарда прегледи, а кога музиката е во прашање токму YouТube e првиот избор на корисниците. Последната песна која се искачи во клубот на „милијарда прегледи“ е See You Again од филмот Fast and Furious, посветена на починатиот актер Пол Вокер.

Бројките ќе бидат главен аргумент на YouTube кога се во прашање преговорите со музичката индустрија. Сервисот бара да им бидат отстапени авторските лиценци на музиката за да можат да креираат вистински музички сервис кој може да се натпреварува со Spotify, Rdio и другите стриминг сервиси. Од досегашниот договор се незадоволни и YouТube и музичката индустрија, и двете страни сметаат дека е на нивна штета. Проблемот се разбира е околу парите. издавачите сметаат дека земаат премалку пари, а YouTube смета дека станува збор за „алчни будали“, констатира, Питер Кафка од Recode.

Она што е интересно е дека YouTube за музичарите е подобра платформа од некои од музичките платформи. Така, на пример Spotify има само една песна со над половина милијарда прегледи (Thinking Out Loud на Ед Шеридан) . На YouTube има 10. Дополнително истата песна на YouTube има 750 милиони прегледи. Овие бројки се разбирливи, YouTube е достапен глобално, а Spotify не е. YouTube исто така е сопственост на Google па пребарувањето преку пребарувачот за некоја песна веднаш покажува видео на YouTube, а за песните за кои постои спот, видеата можеби се поинтересни.

Виз Калифа со See You Again им се приклучи на: Psy со Gangnam Style, Џастин Бибер со Baby, Тејлор Свифт со Blank Space и Shake It Off, Кејти Пери со Dark Horse и Roar, Енрике Иглесијас со Bailando, Меган Тренор со All About That Bass и Бруно Марс со Uptown Funk.

unnamed-1

1 коментар на “YouTube е кралот на музиката со 10-та песна што надмина милијарда прегледи

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии