YouTube бара од НоваТВ да цензурира видео од студентските протести

<Надополнето> Андреј Т. во коментарите остави добра забелешка дека пораката од YouTube е само автоматско предупредување дека имало поплака за видеото и дека треба да се разгледа. Ако видеото остане на сервисот, тогаш ќе биде прегледано од тимот на YouTube кои најверојатно нема да најдат ништо спорно. </надополнување>

НоваТВ се пожали дека YouTube, по поплака од Македонија, сака да им цензурира видео од студентските протестви во кое се гледа апсење на студент, но не и нешто спорно и контроверзно. Видеото ги прикажува студентските протести против екстерното тестирање во високото образование.

Во мејлот кој им го пратил YouTube како објаснување, од 12:45 минута до 16:14 минута се прикажуваат снимки кои ја нарушуваат приватноста. YouTube вели дека имале поплака за видеото, но не откри од кого е поплаката, дека тој дел од видеото е против правилата на видео сервисот, без конкретни детали зошто оваа видео е спорно. Од тоа што може да се види во видеото нема ништо спорно околу приватност, бидејќи прикажува јавни протести на студентите, и видеото е новинарски извештај. Затоа НоваТВ се изјасни дека нема да го тргне видеото од YouTube бидејќи е од „јавен интерес“ и доколку биде тргнато од сервисот, НоваТВ ќе го хостира на своите сервери.

Спорното видео е подолу:
[youtube]Ll4RERLNf2o[/youtube]

4 коментари на “YouTube бара од НоваТВ да цензурира видео од студентските протести

  1. Тоа што го објавиле НоваТВ, колку што знам, е автоматски notice што стига секој пат кога некој ќе ти го пријави видеото. Youtube во текстот вика: „if the potential privacy violation remains on the site after 48 hours, the compaint will be reviewed by the YouTube team…“

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии