Your Phone е нова апликација за паметни телефони од Microsoft

Microsoft можеби крена раце од пазарот на паметни телефони кога хардверот е во прашање, но има неколку планови за монетаризација од овој пазар. Компанијата ги најави апликaциите Your Phone и Timeline за Android и iPhone. Функционалноста на iPhone доаѓа преку Edge, a на Android преку Microsoft Launcher.

Секако апликациите и сервисите се еден од начините со кои Microsoft може да дојде до парите на корисниците кои не се на нивен хардвер. Можеби поради ова во Редмонт можеа да си дозволат да го прогласат експериментот со телефоните за завршен.

YourPhone ќе овозможи да префрлате работа од мобилните платформи на десктоп. Корисникот ќе може да поврзе телефон со десктоп компјутерот, а потоа на компјутер ќе може да ги прегледува пораките, сликите или нотификациите. Ова и не е премногу корисно, но можеби и ќе му ја олесни работата на некого.

Windows Timeline е слична функционалност која на корисникот му овозможува да разгледа што правел последните 30 дена, ова важи за сè од апликации до веб страници и фајлови, јави VentureBeat. За следење на работата на корисникот треба да биде логиран или на Edge или на Office 365 за Android или за iOS.

Функционалностите доаѓаат и на iOS и на Android, сепак се чини дека функционалноста доаѓа во различно време. Најпрво доаѓа за iOS, a потоа и за Android. Сепак причина за ова не e што Microsoft повеќе ги сака Apple, напротив, Android дозволува повеќе функционалности, па компанијата работи на проширување на функционалностите.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии