You Tube се поблиску да стане кабловска телевизија

Според Wall Street Journal, Google најверојатно идната недела ќе открие дека има потпишано партнерства со медиски компании, како и познати личности, кои ќе креираат оригинална содржина за популарниот видео сервис, YouTube.

Google се обидуваат да го направат YouTube нова генерација на кабловски провајдер каде ќе може да се најдат десетици бесплатни онлајн канали кои ќе нудат професионални програми. Google има вложено 100 милиони долари во креирањето на оригинална содржина, и планира инвестицијата да ја врати преку приходот од маркетинг, кој потоа би се делел со договорените партнери. Некои од овие партнери ќе бидат одговорни за креирање повеќе канали кои ќе спаѓаат во некои од категориите, како што се храна, комедија, вести, спорт, итн.

Google сака да ги убеди големите маркетинг агенции дека може да креира сервис кој ќе ги застапува нивните брендови низ целиот свет, и со тоа да привлече кон себе дел од огромниот буџет, кој годишно изнесува 60 милијарди долари, а е наменет за рекламирање на телевизии. Се разбира, YouTube ќе продолжи да функционира исто како и до сега, овозможувајќи на секој да закачува видеа.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии