Yahoo стартува нови специјализирани сајтови – Yahoo Tech и Yahoo Food

Виктор Дано

во Веб

Yahoo на CES 2014 официјално ги претстави своите нови Yahoo Tech и Yahoo Food сајтови кои ќе им се приклучат на Yahoo News и Yahoo Business. Сите сајтови на интернет гигантот, покрај целта да информираат, се наменети и да го рашират брендот Yahoo кон пошироката публика. Покрај тоа што е интернет пребарувач кој си ја продаде технологијата на Microsoft Bing, Yahoo, уште од деведесетите е портал за вести кој има оригинална содржина и куп банери околу неа.

Но, тоа што е интересно е што на новите сајтови ќе нема визуелни реклами. Причината за ова е што Yahoo и новата директорка Мариса Маер, поранешна директорка во Google, се обидуваат да допрат до интернет публиката која не сака да биде спамирана со реклами. Ова нема да значи дека ќе нема реклами, туку тие ќе бидат во нова форма, односно ќе бидат презентирани преку спонзорирана содржина. И двата нови сајтови ќе имаат содржина и од другите сајтови во сопственост на Yahoo, како фотографи од Flickr и постови од Tumblr, кој компанијата го купи лани за неверојатни 1,1 милијарди долари со намера да биде кул за помладата публика.

Покрај новите сајтови, беше претставена и новата iOS апликација Yahoo News Digest, која е креирана според неодамна купениот Summly на 18-годишниот Ник Д’Алосио. News Digest е апликација која два пати во денот ви прикажува сумирани вести, и која за жал не е достапна на македонскиот App Store.

[youtube]VReKcdk56tU[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии