Yahoo! се рекламира на радио

IT.mk редакција

во Свет

{mosimage}Yahoo! од неодамна започна да се рекламира на радио станици со цел да им укаже на луѓето дека на интернет постои алтернатива на Google. Радио рекламите се практично споредби помеѓу можностите на пребарувачот на Google и Yahoo!. Во една од нив се истакнува дека нивниот пребарувач овозможува експресни релевантни сугестии веднаш штом ќе започнете да пишувате во него.

Дел од рекламите на крајот истакнуваат слоган: "Тоа неможете да го најдете на Вашата Google страна" и завршуваат со претпознатливиот "Yahoo!" извик.

Рај Госаин, потпредседателот на маркетинг одделот на компанијата изјави дека радио рекламите веќе недела дена се истакнуваат на радио станици во Калифорнија. Тој нема истакнато кои пазари се опфатени со овие радио реклами и колку всушност компанијата има издвоено од својот буџет, но истакна дека рекламите од оваа кампања можат да се најдат и на интернет. Тој самиот призна дека е ова еден тежок обид да се зголеми пазарот на Yahoo! затоа што навистина е тешко да се сменат стекнатите навики на луѓето.

Иаку рекламирањето на радио станици на еден ваков интернет пребарувач делува малку необично (барем лично за мене) овој необичен потег на Yahoo! несомнено е промислен од многу глави во маркетинг одделот на компанијата и сигурно е пронајдена потенцијална повратна вредност за сиот тој потрошен буџет. Претпоставувам дека овој обид е дел од неодамна усвоената стратегија на Yahoo! која како главни цели вклучува зацврстување на позицијата на светскиот пазар, и да се "украде" дел од пазарот на Google со што ќе успее да го зголеми својот профит значајно.

Дали ваквите храбри постапки на Yahoo! се само обид да се извлече поголема цена на акциите и да се продадат поскапо на Microsoft* или пак компанијата навистина има визија, останува да видиме… во секој случај, со големо внимание ќе ги следиме чекорите на Yahoo!.

*За неупатените: Microsoft на 1 Февруари упати понуда за купување на компанијата за цена од 44,6 милијарди долари во кеш и акции.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии