Yahoo! се припрема за редизајн

IT.mk редакција

во Свет

{mosimage}Еден од најпосетуваните веб сајтови со над 350 милиони месечни посетители, Yahoo.com, денеска и официјално најави дека во четврток ќе ја изврши долго очекуваната промена на својата почетна страница. Официјални лица од компанијата објаснуваат дека со редизајнот ќе се постигне персонализација и дека и овој веб портал ќе се приклучи кон прославувањето на веб 2.0 трендот.

"Со новиот редизајн на нашите посетители ќе им ги доставиме најважните работи при рака" – изјави Tapan Bhat, директор на Yahoo! задолжен за содржините и дизајнот на почетните страници на Yahoo! и MyYahoo.

{mosimage}

{mosimage}

{mosimage}

Новиот изглед ќе биде многу поедноставен, попрактичен и пофункционален од досегашниот. Една од најголемите промени ќе се должи на страничното мени на порталот кое досега содржеше огромна листа на категории и ќе биде заменета со линкови до неколку најкористени услуги. Исто така ќе бидат овозможени и апликации од други сајтови и веб сервиси како Gmail, Twitter, YouTube и Flickr со што почетната страница на Yahoo! ќе стане многу поинтерактивна.

Се шпекулира дека Yahoo! се обиделе да го натераат и Mark Zuckerberg да одобри создавање на апликација за Facebook која би била дел од порталот, но понудата била одбиена.

Редизајнот на веб сајтот Yahoo! следи по доста дискутираниот редизајн на Facebook, и неодамнешната позитивна визуелна и функционална промена на дизајнот на Twitter.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии