Новата Yahoo Weather за iPhone нема да ве остави рамнодушни

Yahoo денес ја претстави новата самостојна iPhone апликација за временска прогноза. Досега Yahoo не беше познат по креирање на квалитетни iPhone апликации, но ова е една од многуте апликации за прогноза на времето која нема да ве остави рамнодушни. Можеби сега под водството на новата директорка и поранешен шеф во Google, Мариса Маер, Yahoo ќе стане малку поконкурентен на мобилниот пазар.

Кога за прв пат ќе ја отворите апликацијата ќе забележите дека на горниот дел ја имате вашата локација, додека температурата и сликата од локацијата се во позадина. Позадината автоматски се менува на одредено време и се превзема директно од Flickr. Доколку скролнете надолу ќе добиете подетални информации за даденава локација како што се: детална временска прогноза за наредните 24 часа и наредните 5 дена, информации за влажноста на воздухот, ветерот, видливоста, притисокот, изгрејсонце и зајдисонце, и неколку други информации.

Визуелно, апликацијата е доведена до совршенство. Истата располага со безброј кул анимации кои го подобруваат корисничкото искуство. Типографијата одговара на целокупниот дизајн, а анимацијата која ја заматува фотографијата при скролање дава сосема нова димензија. Интересно е што секој може да испрати фотографија од својот град и истата Yahoo да ја прикаже во апликацијата. Се што треба да направите е да ја закачите фотографијата на Flickr во групата Project Weather. Единствена замерка во апликацијата која може да ја споменам е дизајнот на логото. Истото не соодветствува со дизајнот на апликацијата и со нејзиниот квалитет на изработка.

Како бонус еве неколку апликации за временска прогноза кои изобилуваат со чист и убав минималистички дизајн:

4 коментари на “Новата Yahoo Weather за iPhone нема да ве остави рамнодушни

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии