Yahoo потроши 30 милиони долари на стартап креиран од 17-годишен програмер

Тинејџер од Лондон, Ник Д’Алосио, успеа да го продаде својот двегодишен стартап за околу 30 милиони долари на Yahoo. Седумнаесет годишниот програмер иако веќе неколку години работи со мобилни апликации, ја креираше Summly кога имаше 15 години со цел да понуди поинтересен читач за вести.

Апликацијата не ги листа сите и цели вести, туку вади краток извадок од 400 знаци за побрзо читање благодарение на пофалениот HTML алгоритам кој го анализира текстот пред да го сумира во неколку точки. Сепак, тоа што ја направи Summly популарна апликација е интуитивниот и практичен дизајн. Apple ја избра Summly како една од најдобро дизајнираните апликации во 2012 година.

Покрај успехот во App Store, Ник имаше успех и пред инвеститорите. Тој успеа да собере првична инвестиција од 300.000 долари од стартап инкубатори, а година дена подоцна привлече уште 1,2 милиони долари од препознатливи стартап инвеститори како Марк Пинкус од Zynga, актерот Eштон Качер и уметничката Јоко Оно. Денес се прочитани над 90 милиони кратки извадоци преку апликацијата, вели младиот програмер. Ник нема да оди во Калифорнија да ја продолжи работата во Yahoo, туку ќе остане во Англија за да си го заврши образованието.

Yahoo ќе ја изгаси апликацијата, и ќе ја интегрира технологијата во своите онлајн сервиси, пред се, во своите мобилни сервиси.

1 коментар на “Yahoo потроши 30 милиони долари на стартап креиран од 17-годишен програмер

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии