Yahoo понуди меѓу 600 и 800 милиони долари за видео сервисот Hulu

Продолжува зафатениот месец на Yahoo. Откако ја купи платформата за блогирање Tumblr и ја редизајнира мрежата за фотографии, Flickr, сега фокусот на компанијата е свртен кон дигиталната телевизија. Според AllThingsDigital, Yahoo понуди меѓу 600 и 800 долари за Hulu, видео сервис кој работи на претплата и во моментов е достапен само во САД. Ова е втор обид во еден месец на Yahoo да купи видео сервис, oткако на почетокот на мај се обиде да купи голем дел од DailyMotion, но тоа не и се допадна на француската влада.

Hulu има 4 милиони претплатници кои плаќаат по 8 долари месечно за пристап до илјадници популарни ТВ серии. Според CNet, Hulu на Yаhoo ќе може да му донесе дополнителни приходи, но и пристап до кредитните картички на тие 4 милиони корисници на кои ќе им се понуди да плаќаат за други сервиси на Yahoo.

Видео сервисот уште од 2011-та година е на продажба кога бараше 2 милијарди долари, но немаше доволно големи понуди. Изворите до блиску трите газди на сервисот News Corp., Disney и Comcast, велат дека понудата на Yahoo е мала, иако цената зависи многу од должината на лиценци кои Hulu ги има за разновидната содржина. Тука претставува и проблем контрола врз содржината од сопствениците. Проговрите се во тек, но се очекува да биде прифатена само понуда поголема од една милијарда долари.

AllThingsDigital додава дека Yahoo планира наскоро да купи уште две големи компании од мобилната и комуникациска индустрија.

1 коментар на “Yahoo понуди меѓу 600 и 800 милиони долари за видео сервисот Hulu

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии