Yahoo Mail го прослави 16-от роденден со нов дизајн

Борис Кузманов

во Веб

По повод 16 години од стартувањето на мејл сервисот на Yahoo, компанијата објави нов изглед и подобрување на корисничкото искуство. Преку своето соопштение, Yahoo го претстави новиот интерфејс за корисниците кои го користат овој сервис преку веб, Android, iOS и Windows 8.

Yahoo смета дека оваа промена е ефикасна и елегантна, и стремејќи се да го подобрат мејл искуството се надеваат дека ќе придобијат и дел од Gmail корисниците. Новост кај новиот Yahoo Mail е можноста за групирање на разговорите во теми, така што полесно ќе можете да видете за што сте дискутирале со одредени личности.

Поедноставено е и преземањето на акции како бришење, означувањето на важни разговори и пребарувањето е направено со само еден клик. Исто така, за да имате повеќе простор за вашите мејлови, овозможено е собирање на лентата од левата страна. Како дополнение на сето ова, просторот за складирање на податоци е зголемен на дури 1TB.

Во новиот Yahoo Mail, нешто што одамна го има кај Gmail, се воведени и различни теми за изгледот на вашето сандаче. Темата која ќе ја изберете ќе можете да ја користете на сите уреди од кои пристапувате до вашиот Yahoo мејл.

[youtube]http://youtu.be/Z3fov_RLBqs[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии