Yahoo Mail сега е побрз и поедноставен за користење

Популарната имејл платформа Yahoo Mail конечно го доби долгопотребниот редизајн. Подобрувањата доаѓаат по барање на корисниците, но и заради потребите да се обезбеди добар сервис за веб и разни мобилни платформи како Windows 8, iOS и Android.

„Ни кажавте гласно и јасно дека сакате поедноставен имејл сервис. Сакате да се логирате и брзо да ја проверите комуникацијата пред да продолжите со денот. И ние ве послушавме.“, вели Мериса Маер, директорка на Yahoo и поранешен шеф за Gоogle сервиси. „Почнувајќи од денес, новиот Yahoo Маil е брзо, лесен и достапен од било каде“.

Верзијата за веб сега има поедноставен дизајн со помалку копчиња и повеќе простор за читање и пишување имејл, и мали сликички кои го прикажуваат закачениот фајл на пораката. Целта, вели г-ѓа. Маер, е да се забрза Yahoo Mail и да биде полесен за навигација со поголем фокус на содржината на пораките.

Мобилната верзија за iPhone е обновена со опција за брзо бришење на пораки само со движење на прстите, бескрајно скролање на пораки и опција за закачување на фотографии во нова порака. Android верзијата доби подобрувања во брзината и во одржување на батеријата, додека Windows 8 верзијата ќе има виџет за почетен екран.

Дали ви се допаѓа редизајнот? Дали е полесен за користење од Gmail?

4 коментари на “Yahoo Mail сега е побрз и поедноставен за користење

  1. "Мобилната верзија за iPhone е обновена со опција за брзо бришење на пораки само со движење на прстите…"
    Копирано од gmail за андроид…

    1. Да да а Gmail е копија на Yahoo Mail кој е копија на ALL-IN-1 by Digital Equipment Corporation кој е копија на PROFS by IBM кој е копија на EMAIL at University of Medicine and Dentistry of New Jersey кој е копија на The PLATO IV Notes on-line кој е копија на APL Mailbox by Larry Breed кој е копија на Unix mail program кој е копија на MIT's CTSS MAIL, in 1965

      Шо мислиш бе Google го измисли интернетот и сите негови апликации?

      1. Не можеш да копираш меил сервис и да кажеш дека е копија, тоа ти е исто како да кажеш дека супер марио е копија на battlefield само затоа што и двете се игри. Но можеш да копираш функција како што е swipe to delete, како што направиле Yahoo.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии