Yahoo ќе го дели својот интернет бизнис од уделот во Alibaba

Дејан Соколоски

во Свет

Yahoo ќе се реструктуира така што ќе креира spin-off дел во кој ќе ги има сите своите важни интернет бизниси, како мејлот, пребарувањето, Tumblr и други; и дел кој ќе го задржи уделот од 15 отсто во кинеската продавница Alibaba, вели New York Times. Вредноста на Yahoo сега е над 33 милијарди долари, главно поради делот во Alibaba кој Yahoo го доби за една милијарда долари во 2005-та година, и кој сега се проценува на 30 милијарди долари.

Оригиналниот план беше Alibaba да биде одделен, но поради стравувањата од висок данок по поделбата, Yahoo се одлучи да ги оддели сите други сервиси. Но, дури ни ваквата поделба нема да биде лесна да се изведе со оглед на бројот на вклучени страни кои ќе мора потврдно да одговорат на креирањето и приклучувањето на нов бизнис. Една од опасностите која може да се појави е сервисите на Yahoo да бидат купени и разделени. Тоа што е сигурно е дека засега компанијата и верува на директорката Мериса Мејер и нема збор за нејзина промена.

„Ние ќе биде пофокусирани и ќе ги приоретизираме инвестициите за да зголемиме профитабилност за долгорочен раст. Поделбата од нашиот дел во Alibaba, преку обратен процес, ќе ни даде поголема транспарентност во вредноста на нашиoт Yahoo бизнис“, вели г-ѓа. Маер.

Иако г-ѓа. Маер вели дека новиот Yahoo ќе биде поотворен за инвеститорите, сепак може да се покаже дека сите интернет бизниси на Yahoo вредат малку, меѓу 3 и 5 милијарди долари. Оваа вредност може да резултира во тоа Yahoo да ги продаде сервисите или да биде купен од некој друг (на пример, Microsoft сакаше да го купи Yahoo пред шест години), велат аналитичарите.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии