Yahoo ќе заработи 100 милиони долари од реклами на Tumblr

Yahoo очекува заработка од над 100 милиони долари од Tumblr во 2015 година, вели директорката Мариса Мејер. Порастот на заработката e поради се поголемиот број корисници, воведувањето на реклами, но и од се поголемата „продуктивност“ на постоечките корисници.

Последните 15 месеци бројот на корисниците е пораснат за 40 отсто на 420 милиони, а бројот на регистрирани блогови е речиси удвоен на 206 милиони. Овој број ги вклучува рекистрираните корисници, но и луѓето кои ги посетуваат блоговите, пишува Wall Street Journal. Можеби поважно корисниците сега му посветуваат повеќе време на Tumblr, па времето кое го поминуваат таму е пораснато од 22 на 28 минути.

Tumblr беше купен за милијарда долари од Yahoo во 2013 година, и иако нема враќање на парите, сепак се покажува како ризик кој вредеше да се направи. Директорката Мариса Мајер се надева дека наскоро ќе успеат да се приближат до „millennials“ генерацијата, родена во последните дваесет години од минатиот милениум.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии