Yahoo! ја редизајнира почетната страна

IT.mk редакција

во Веб

{mosimage}Во обид да се приближи кон Microsoft и Google, Yahoo! ja редизајнира својата почетна страна. Страната на Yahoo! одсекогаш повеќе наликуваше на портал каде луѓето читаат вести, пребаруваат слики и проверуваат е-маил, отколку на пребарувач. По појавување на Google на сцената, Yahoo! заостана. Дури и Bing, пребарувачот на Microsoft одкина поголемо парче од пазарот од Yahoo! и тоа за само неколку месеци откако беше објавен.

На страната се додадени опции кои се фокусираат на овозможување пристап до други сервиси на корисниците. Facebook, Twitter, Last.fm, Flickr, Gmail… сите ваши омилени сајтови можете да си ги ставите во My Favorites, лево од почетната страна на Yahoo!, и да пристапите до нив.

Интересна замисла, иако не е ништо ново. Интерактивни веб страни постојат подолго време, пример iGoogle, BBC, MyYahoo!… Новото е брзиот преглед, само со скролање на маусот врз полето и ви се отвара нов прозорец со случувањата од друштвените мрежи или други сајтови.

Еве како изгледа Facebook преку новиот Yahoo!.

{mosimage}

Дали Yahoo! ќе ги привлече посетителите со поедноставно дизајнирана, но попрактична веб страна и ќе се врати на старата слава… Само времето ќе покаже.

Исправка: Се извинувам на читателите бидејќи во текстот испуштив да напишам дека ова опција првин ќе стартува во САД, во наредните недели ќе биде достапна и во Англија и Франција, а до почетокот на наредната година и во oстанатата Европа и светот.

Yahoo.com се уште ќе ве води на страната со стариот изглед, но можете да го видите новиот тука yahoo.com/trynew .



Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии