Yahoo го помина Google во посети во САД

Борис Кузманов

во Веб

Иако „гуглањето“ е секојдневна работа, изгледа дека овој месец корисниците во САД тоа го правеле послабо, бидејжи Yahoo за првпат по мај 2011-та имаше повеќе посети на месечно ниво од Google. Според месечниот извештај на comScore, бројките велат дека Yahoo бил посетуван 196,564.000 пати, наспроти 192,251.000 на Google.

Изгледа дека стратегијата на Мариса Маер му помога на Yahoo да се вклучи во борбата за првата позиција и ќе се води вистинска битка со Google. Секако, во тоа ќе потпомогна скоро купениот сервис за микроблогирање, Tumblr, кој иако во извештајот на comScore се брои како посебен ентитет со 36 милиони посети, сепак му носи индиректно посети на Yahoo.

Исто така, голем дел од овие посети доаѓаат поради Football Fantasy на Yahoo. Имајќи во предвид дека наскоро треба да започне сезоната, во моментот 47 милиони луѓе секојдневно го посетуваат тој сервис за да ги припремат своите состави. Дали Yahoo ќе продолжи да бие тесна битка со Google и во следниот период, останува да видиме.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии