Xiaomi сега е трет најголем производител на телефони

Кинескиот производител на паметни телефони Xiaomi е на третото место во производство на паметни телефони, без притоа речиси воопшто да ја напушти Азија. Компанијата во изминатиот квартал е одговорна за 5,3 отсто од продадените 327 милиони паметни телефони. Ова е прв пат Xiaomi да се најде помеѓу првите пет производители до сега. Во период од една година, Xiaomi го зголеми својот удел на пазарот за 211 отсто, пред се благодарение на продажбата во Кина, Индија и Сингапур.

Ситуацијата со првото и второто место останува непроменета, прв сè уште е Samsung, а по него е Apple вели анализата на IDC. Сепак и покрај задржаното првото место, Samsung загуби најголем губитник на пазарот во изминатата година, во кое продажбата на нивни телефони падна 8,2 отсто. Во изминатата година, Apple забележа пораст од 16 отсто. Lenovo и LG се на поделба на четвртото место со 5,2, односно 5,1 отсто од пазарот. Lenovo го зголеми својот удел за 38 отсто, а LG за 39.8 отсто.

2 коментари на “Xiaomi сега е трет најголем производител на телефони

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии