Xiaomi претстави нов лаптоп – Mi Notebook Pro

Дејан Соколоски

во Вести, Хардвер

Кинескиот производител Xiaomi го претстави новиот лаптоп Mi Notebook Pro. Новиот лаптоп повторно ги врати споредбите на компанијата со Apple. Дел од вината секако е кај кинескиот производител кој може и подобро да ги одбира имињата.

Ако може да се замери на името, на хардверот секако нема да може. Лаптопот доаѓа со 15.6-инлен дисплеј; последна генерација на Intel Core i7 процесор; 16 GB RAM; до 1TB SSD и Nvidia Geforce MK 150 графичка картичка.

Графичката картична нема, а и не треба премногу да ве возбуди. Sепак не станува збор за гејминг лаптоп, но на Mi Notebook Pro ќе може и да изиграте некои од игрите кои немаат преголеми графички побарувања.

Лаптопот има можност за отклучување со  отпечаток, а сензорот е „скриен“ во тачпадот на Notebook Pro. Уредот доаѓа со 2 USB-C порти и уште 2 обични USB порти. Дополнителен монитор може да се приклучи преку HDMI, а има и слот за читање на картички.

Како и претходниот лаптоп, Mi Notebook Air, дизајнот и на овој ќе го забележите веднаш. Кинеските компании не се препознатливи по убавинита на уредите, но ова не важи за Xiaomi и дизајнот е и повеќе од солиден.

Цента на Mi Notebook Pro започнува од 980 долари. Единствената лоша вест е дека официјално лапотопот е достапен во продажба единствено во Кина, па купувањето е проблематично.

2 коментари на “Xiaomi претстави нов лаптоп – Mi Notebook Pro

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии