Xiaomi најави нов телефон, „flagship“ за 360 долари

Кинескиот гигант Xiaomi го претстави новиот телефон, Mi 6. Телефонот доаѓа со Snapdragon 835 процесор и дуал-камера. Она што е можеби подеднакво импресивно е цената, која овој пат е 360 долари.

Телефонот за жал не го продолжи трендот на Mi Mix за телефон со екран на целата површина. Телефонот доаѓа со 5.15- инчен дисплеј, како и претходникот Mi 5. Новиот уред е само трет телефон кој доаѓа со 10nm процесор на Qualcomm, Snapdragon 835.  Mi6 доаѓа и со: 6GB RAM; слободен простор од 64GB или 128 GB, 12 MP дуал камера, отчитувач на отпечаток на прст; батерија со капацитет 3350mAh. Како и новиот iPhone, дуал-камерата е впарена и овозможува подобри фотографии. Ова не е единствена сличност со телефонот на Apple, ниту Mi6 нема приклучок за слушалки.

Почетна цена на телефонот со 64 GB слободен простор е 360 долари, а моделот со 128 GB слободен простoр ќе чини 420 долари. Керамичката верзија ќе чини 435 долари. Засега нема најава за глобална достапност, а Xiaomi е фокусран на пазарите во Кина и Индија. Речиси без сомневање во Македонија телефонот ќе биде достапен во Hi Store.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии