Xiaomi на второто место по бројот на продажби на паметни телефони

Дејан Соколоски

во Мобилни

Кинескиот производител на паметни телефони Xiaomi во второто тримесечје на 2021 успеа да ги помине Apple и производителите во сопственост на BBK Electronics (Oppo и Vivo) и да се искачи на второто место на листата најпродавани паметни телефони, јави Canalys.

На Xiaomi сега отпаѓа 17 отсто од пазарот на паметни телефони, а по нив се Apple со 14% и Oppo и Vivo со по 10 отсто. На првото место најпродавани телефони и натаму е Samsung со 19%, но сега разликата е значително помала. Xiaomi подолго време е во врвот по продажбата во Кина и Индија, а во второто тримесечје има глобален пораст на продажбата од 83%. Во Јужна Америка порастот на продажбата на Xiaomi паметни телефони е 300%; во Африка 150%, а во Западна Европа 50%.

Една од причините за популарноста на телефоните на Xiaomi е односот цена/квалитет. Нивните телефони се продаваат за 40 до 75 отсто од цената на телефоните на Samsung и Apple. Секако голема улога во порастот на продажбата има и падот на Huawei предизвикан од санкциите.

Од првите 5 компании на листата, единствено Xiaomi има забележителен раст (83%). Samsung има 15 отсто раст, а Apple 1%.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии