Прв поглед на паметната алка Xiaomi Mi Band 1S

На човековото тело му се потребни 8.000 чекори секој ден, иако јас во вообичаените денови поминувам едвај 500. Ова е поразителнитот заклучок од моето тестирање на паметната алка на Xiaomi Band 1S.

Преносните уреди се хит во светот. Само за една година пазарот ги дуплираше нарачките на уредите од Fitbit, Xiaomi како паметниот часовни на Apple, кои ја предводат листата на најпродавани во 2015 година. Лани се продадоа 78 милиони преносни уреди вкупно, од кои Xiaomi со продадени 12 милиони уреди зазеде 15 отсто од пазарот, но забележа и зголемени продажби од 950 отсто. Со оглед на цената, ова не е изненадување, па Mi Band 1S најверојатно е алката која секој корисник може да си ја дозволи, дури и доколку не е сигурен дали навистина му е потребна. Цената на алката е околу 15-20 долари, а кај нас е 1.900 денари, а и со оваа цена Mi Band 1S е значително поевтина од конкуренцијата.

 
Mi Band е интересен уред, иако си има свои ограничувања и свои предности. Ги мери чекорите, потрошените калории, отчукувањата на срцето и се обидува да ви помогне со спиењето. Доколку барате алка за сериозно вежбање, тогаш ви треба некој пософистициран уред. Но, Mi Band 1S е алка која е наменета за корисниците кои не вежбаат редовно, и кои можеби имаат потреба од префрлање на нотификациите од телефон на алка и „лабаво“ точни податоци за направените чекори и изминатите километри. Велам „лабави податоци“, бидејќи Mi Band, како и слични уреди, не е медицинско помагало! За експертско мислење сепак треба да се консултирате со доктор.

Покрај тоа штo најголем број на уредите се произведуваат во Кина, она што сè уште помалку не изненадува кога Xiaomi производите се во прашање е квалитетот на производство и дизајнот на уредите. Mi Band е одлично направена: од ремчето, до самата алка, па и пакувањето во кое пристига. Кога паметните уреди се во прашање, „Made in China“ повеќе го нема истото значење.

DSC_0057-as-Smart-Object-1

Со Mi Band може да следи работата на срцето и да функционира како педометар кога пешачите или трчате. Алката автоматски препознава и ги брои километрите и потрошените калории, иако понекогаш е прилично великодушна кога GPS на телефонот со кој е впарена е исклучен. Акцелерометарот во уредот го регистрира движењето, но и поместувањето на раката е доволно за да го активира. Седењето во место и мавтањето со раката беа доволни за регистрирање на чекори. Но, трикот за попрецизни податоци е во GPS-от. Кога GPS на телефонот беше вклучен, алката повторно ги броеше сите движењата на раката, но по некое време ги враќа назад. Затоа доколку сакате попрецизни податоци, алката и телефонот мора да бидат постојано поврзани преку Bluetooth, што секако не и помага на батеријата на телефонот.

Mi Band нема екран и за било каков преглед е потребно впарување со телефонот, а за жал и таму нема премногу можности, освен промената на некоja од опциите и графичка презентација на податоците. Најголем дел од корисниците на форумите се жалат дека нема можност за користење на алката при возење на велосипед, па можеби и Xiaomi во иднина ќе се обиде да го интегрира ова во својот уред. Поврзувањето на уредите е преку Bluetooth, за разлика од претходната верзија на алката и апликацијата, новата верзија овозможува споделување на податоците со пријателите. Помеѓу поддржаните социјални мрежи и апликации се Facebook, QQ, WhatsApp и Twitter.

DSC_0077-as-Smart-Object-1

Она што е интересно е користење на алката за мерење на спиењето, и добивање на податоците за тоа колку време минувате во длабок сон, а колку ви e лесен сон. Mi Band ги следи промените на овие циклуси и доколку корисникот, ја одбере функцијата Early Bird, алката со вибрации ќе го разбуди во лесното спиење. Алармот може да се користи и како потсетник да станете и да се раздвижите, доколку премногу долго седите додека работите. Користен е и за потсетување за времето за вежбање или аларм за будење.

Последна опиција е користење на алката за отклучување на телефонот, и за поголема безбедност. Секојпат кога алката е во близина на телефонот, автоматски ќе го отклучи што е корисно, но проблематично ако ја изгубите алката. Дел од нотификациите како SMS порака или телефонски разговори, пристигаат до алката, па во гласна средина како диско, ова може да е одлично решение. Една од најголемите предности на алката е што може да се користи со најголем број на телефоните. За Android тоа се сите уреди со понов оперативен систем од Android 4.4, а за iPhone сите телефони со iOS 7 и понов.

(Благодарност до Hi.com.mk што ни ја отстапија алката за тестирање)

DSC_0063-as-Smart-Object-1

2 коментари на “Прв поглед на паметната алка Xiaomi Mi Band 1S

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии