Xiaomi ја најавија новата верзија на MIUI

Xiaomi, кинескиот производител на мобилни уреди, пред скоро ја најави новата веризија на MIUI, MIUI 12. Наследникот на MIUI 11 носи големи подобрувања од повеќе гледни точки, но најевидентни се оние кај корисничкиот интерфејс, како и севкупното визуелно искуство. Покрај ова, има и новини од безбедносна гледна точка.

На настанот на кој MIUI 12 беше најавен, Xiaomi се пофали со фактот дека имаат преку 310 милиони активни корисници на месечно ниво, што никако не е бројка за потценување. Да разгледаме што точно ново има со MIUI 12.

Подобрена приватност

Првата, и за многу најважната промена е дека MIUI 12 носи значително подобрени подесувања за приватност за корисниците. На пример, сега имате можност да давате еднократни пермисии на апликациите, кои истекуваат кога ќе престанете да ги користите истите. Доколку одредена апликација не кажува јасно за што поточно ги бара пермисиите, Always Allow опцијата нема да ви е дадена како избор.

Покрај ова, воведен е и таканаречениот Mask System, кој на непознати апликации ќе им дава виртуелен идентитет со цел да го заштити вистинскиот на корисникот, и да ги заштити календарот, списокот со контакти и списокот со повици.

Споделувањето на фотографии е исто така побезбедно. Како што велат од Xiaomi, било какви податоци за тоа каков уред користите ќе бидат избришани од фотографиите пред да ги споделите истите.

За крај, MIUI 12 ќе ви овозможи полесно да го следите однесувањето на одредени апликации. Ќе добиете целосна слика за тоа точно кои податоци апликацијата ги собира, со кои други апликации има комуникација, и сето тоа на едно место. Доколку некоја апликација користи поосетливи пермисии, како на пример вашата локација, истото ќе го видите веднаш.  

Dark Mode 2.0

Она што прво ќе го приметите визуелно и е дефинитивно најголема промена, е втората верзија на dark mode. Една од најбитните функционалности е затемнувањето на позадината, што работи заедно со времето во текот на денот, и постепено ја затемнува вашата позадина како што надвор има се помалку и помалку светло.

Покрај ова, почнувајќи од MIUI 12, “тежината” и болдирањето на текстот ќе зависат од тоа дали истиот е прикажан на темна или светла позадина. И контрастот на фонтовите ќе биде исто така подобрен, што значи дека севкупното искуство со читање текст во не-идеални услови би требало да е одлично.

Super Wallpapers

Друга интересна работа која ја гледаме со MIUI 12 се Super Wallpapers. Xiaomi креираа многу прецизни, анимирани 3D модели на Марс и планетата Земја, кои се базираат на податоци од NASA. Ваквите модели ќе може да ги користите и на вашата позадина, и на вашиот lockscreen.  Она што се врзува со претходната новина за која дискутиравме е фактот дека на планетата која ќе ја одберете ќе биде стемнето доколку користите dark mode. Иако ситница, убаво е да се види вниманието посветено на детали.

Извор: xda-developers.com

Sensory Visual Design

Можеби звучи комплицирано како термин, но концептот за Sensory Visual Design е прилично интересен. Кога ќе го посетите менито со подесувања, и сакате да видите податоци како на пример батеријата или колку простор имате на телефонот, истите тие податоци ќе ви бидат претставени преку визуелни дијаграми и графици. Податоците се исти како и претходно, само што вака се многу поедноставни за сфаќање и  разбирање.

Следење на здравјето

Со MIUI 12, корисниците на Xiaomi смартфони ќе можат да го користат својот уред за следење на активности како пешачење, трчање и велосипедизам ако го држат телефонот в џеб. Технологијата на Xiaomi ќе може да мери чекори и прецизно да измери податоци кои се битни за вашето здравје, и во исто време и да заштеди батерија.

Покрај ова, Xiaomi исто така сакаат да спиете со телефонот на вашата перница. MIUI 12 доаѓа со нов метод за следење на вашето спиење кој функционира доколку телефонот го оставите на перница. Сега ќе може да следите кога сте легнале, како сте спиеле, колку од тоа било длабок сон, и уште неколку параметри.

Нови анимации и гестови

Не е тајна дека Xiaomi посветиле многу време за визуелниот редизајн на MIUI 12, а новата верзија доаѓа и со нови, пореални анимации за временската прогноза. Промените на времето исто ќе бидат прикажани во форма на time lapse филм на вашиот екран.

Нови анимации има и кај иконите на апликациите, а од Xiaomi велат дека промени во насоката и брзината на гестовите ќе резултираат со поинакви реакции кај иконите. Покрај ова, новини во анимациите ќе има и при ротирање на екранот, отварање и затварање на апликации, поврзување на телефонот на полнач, итн.

Од гестови, најзначајно е дека ќе може со лизгање на прстот надолу од панелот за нотификации да реагирате на нотификација без да ја напуштите моменталната апликација. Целиот панел за нотификации сега може да се повлече во свој сопствен прозор, што на некој начин резултира во split screen ефект.

AI Calling

Ова е функционалност која прво ја видовме кога Google го претставија Pixel 3, а тие ја нарекоа Google Call Screening. Xiaomi истата ја нарекуваат AI Calling, а работи преку виртуелниот асистент, Xiao AI. После околу половина година тестирање, виртуелниот асистент има одговорено преку 4 милиони повици за тестирачи кои биле дел од затворената бета.

Xiao AI официјално ја добива функционалноста со MIUI 12, а корисниците ќе можат да го одберат јазикот на кој сакаат нивните повици да бидат одговорени. Покрај ова, ќе имате избор дали сакате повиците автоматски да бидат одговорени, или рачно. Она што за жал е непознато е дали функционалноста ќе биде достапна надвор од Кина.

Кога ќе е достапен MIUI 12?

Програмот за бета тестирање е веќе отворен во Кина, но глобалната, стабилна верзија се очекува да стигне кај корисниците до крајот на Јуни, 2020 година. Интересно е што има голем број на уреди кои ќе го добијат апдејтот, и многу од нив се достапни и кај нас, а целосна листа може да видите подолу.  

Прва група на уреди:

  • Xiaomi Mi 10 Pro
  • Xiaomi Mi 10
  • Xiaomi Mi 10 Youth Edition
  • Xiaomi Mi 9 Pro
  • Xiaomi Mi 9
  • Xiaomi Mi 9 Explorer Edition
  • Redmi K30 Pro
  • Redmi K30
  • Redmi K30 Pro Zoom Edition
  • Redmi K20 Pro
  • Redmi K20

Втора група на уреди:

  • Xiaomi Mi Mix 3
  • Xiaomi Mi Mix 2S
  • Xiaomi Mi 8
  • Xiaomi Mi 8 Explorer Edition
  • Xiaomi Mi 9 SE
  • Redmi Note 8 Pro
  • Redmi Note 7, 7 Pro
  • Mi CC9, CC9 Pro

Трета група на уреди:

  • Xiaomi Mi Mix 3
  • Xiaomi Mi Mix 2S
  • Xiaomi Mi 8
  • Xiaomi Mi 8 Explorer Edition
  • Xiaomi Mi 9 SE
  • Redmi Note 8 Pro
  • Redmi Note 7, 7 Pro
  • Mi CC9, CC9 Pro

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии