Xbox Series S најмала и најевтина конзола од Microsoft

Дејан Соколоски

во гејминг, Хардвер

Xbox Series S е нова конзола на Microsoft која доаѓа како алтернатива за купувачите кои не сакаат да потрошат 500 долари за гејминг конзола. Microsoft официјално ја претстави конзолата оваа недела, откако претходно овие податоци протекоа неофицијално.

Series S е најмалата и најевтина конзола од следната генерација. Просторот кој го зафаќа е 60 отсто помал од поголемите Xbox Series X конзоли, а цената на конзолата е 300 долари. Со ова оваа конзола најверојатно ќе биде и најевтина оваа генерација. Oдговор на ова прашање ќе даде Sony кога ќе ја објави цената на PlayStation 5.

Оваа конзола е наменета за 1440p гејминг до 120fps, а според најавата игрите за Xbox Series S ќе бидат исклучиво дигитални. Неодамна и Sony претстави поевтина верзија на PlayStation на која ќе бидат достапни единствено онлајн преземања.

Xbox Series S хардвер

Иако цената на новата конзола е пониска, дел од хардверот е заеднички. На пример процесорот на Series S, е ист со процесорот на Series X. Станува збор за Zen 2 процесор на 3,6 GHz што е незначително побавно од 3,8GHz на оригиналната конзола. Единствената вистинска разлика е во графичкиот процесор кој кај новата конзола е со полоши перформанси.

Покрај најавата за 1440p гејминг до 120fps нема премногу други податоци за можностите на конзолата. Она што е споделено е дека доаѓа со помал SSD со капацитет од 512GB и Xbox Velocity архитектура. Ова овозможува брзо продолжување на видеоигра и брзо менување помеѓу различни наслови. Видеоигрите ќе бидат со зголемена големина на слика (upscale) на 4К.

Добра вест за сите кои со нетрпение ги чекаат новите конзоли е дека нема најава за одлагање. Xbox X и PlayStation 5 доаѓаат со новогодишните празници. Ова значи дека сè што треба да дознаеме за овие конзоли од хардвер и дата на излегување, до достапност и цена доаѓа наскоро, пред нивното излегување во ноември.

За Microsoft веќе знаеме дека Xbox Series X доаѓа на 10 ноември за 500 долари. Препродажбата на двете конзолата ќе започне веќе од овој месец, на 22 септември.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии