Xbox Project Scorpio со моќен хардвер ќе ги предизвика гејминг компјутерите

Дејан Соколоски

во Хардвер

Новата конзола на Microsoft, Xbox Scorpio доаѓа со доволно моќен хардвер да ги предизвика и најмоќните десктоп компјутери. Компанијата со Surface го освојува пазарот на лаптоп компјутери, а со конзолата, Microsoft ќе се обиде да ги освoи гејмерите.

Scorpio ќе доаѓа со осум-јадрен 16 nm процесор на 2.3 GHz. Графичката карта е специјално развиена за конзолата и доаѓа 40 Radeon единици на 1172 MHz со 12 GB GDDR5. Оваа фреквенција е повисока од претходната за повеќе од 10%. Конзолата доаѓа и со 1TB хард-диск. Хардверот е доволен за 60 fps на 4К резолуција. Она што е специфично за графичката карта е интегриран DirectX 12.

Microsoft ги презентираше можностите на Scorpio на Forza Motorsports на Xbox One. За разлика од претходникот кој има проблеми, новата конзола нема да надмине ниту 60 до 70 од ресурсите на располагање на графичкиот процесор. Конзолата доаѓа со истиот аудио процесор како и претходникот. Ова не е единствената сличност, софтверот и игрите кои се достапни на Xbox One ќе бидат достапни и на новата конзола.

До овие спецификации новата конзола на Microsoft не само што е помоќна од претходникот, туку значително ќе го надмине и PlayStation 4. Се надеваме дека првите презентации на игри ќе може да ги видиме на E3. Конзолата е најавена за празниците на крајот на 2017 година.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии