Xbox Play Anywhere полека стапува на сила

Image Courtesy of Xbox

Xbox Play Anywhere е иницијатива на Microsoft да понудат игри кои еднаш кога ќе се купат ќе можат да се играат и на двете нивни платформи, односно и на PC и на Xbox One. Притоа, ваквата корелација ќе овозможи колективна поврзаност со системот за снимање на прогресот, проширувањата и достигнувањата. Тоа значи дека откако ќе ја купите Forza Horizon 3, денеска ќе можете да ја играте на PC, а утре на Xbox One да продолжите од онаму каде што сте застанале. Доста слично на можноста со која Steam располага со години наназад, но за платфомите Mac, Linux и Windows.

Од вчера, сајтот на Microsoft ги понуди првите три игри кои ќе ја подржуваат оваа иницијатива за предвремени нарачки. ReCore ќе излезе на 13 септември, Forza Horizon 3 на 23 септември, a Gears of War 4 на 11 октомври. Датумите се за Северна Америка, а за Европа би биле три дена подоцна.

Останати Xbox Play Anywhere игри се Scalebound, Cuphead, We Happy Few и Crackdown 3, а за целосната игра од вакви игри, посетете го следниов линк.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии