Xbox One ја изгуби војната со PlayStation 4, но Microsoft најави две нови конзоли

Microsoft имаше полни раце работа оваа недела. По веста за купувањето на LinkedIn, на презентацијата на големиот гејминг саем Е3, компанијата најави две нови конзоли – Xbox One S и Project Scorpio.

Sвезда на презентацијата е Project Scorpio, што е следниот чекор на Microsoft на пазарот за конзоли и виртуелна реалност. Конзолата доаѓа на крајот на следната година и засега нема податоци за цената, но конзолата ќе биде супер-моќна и ќе има можност за обработка на податоци до 6 терафлопи.

Xbox One S е надградба на сегашната конзола, но сепак конзола од оваа генерација. Доаѓа со поголем хард-диск, но поважно конзолата овозможува 4K Ultra HD video, а чини од 300 долари до 400 долари во зависност од големината на дискот. One S доаѓа со надграден контролер, кој сега може да се користи и на PC. Во споредба со моменталната верзија конзолата е значително помала. Xbox One S ќе биде достапна од почетокот на август.

Можеби најдобрата вест која дојде од компанијата, нема врска со хардвер. Отсега сите игри кои ќе бидат достапни на една од платформите ќе можат да се играат на сите, без разлика дали станува збор за Windows 10, Xbox One или Project Scorpio.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии