Xbox е помоќен, но првите тестови покажуваат дека PlayStation е побрз

Дејан Соколоски

во гејминг

Според првите споредби на хардверот Xbox Series X е помоќна конзола во споредба со PlayStation5. Дури и Microsoft ја најави како најмоќната конзола во целиот свет. Сепак првите тестови на игри покажуваат дека ова не е случај.

PlayStation5 на повеќе различни игри има подобри резултати иако Series X е со значителна предност кај перформансите. Xbox Series X доаѓа со 12 пресметковна моќ од 12 терафлопи, а PlayStation5 „само“ 10,28. Сепак оваа пресметковна моќ во пракса не се покажува.

На YouTube каналот Digital Foundry може да погледнете повеќе споредби за голем дел од популарните игри. Devil May Cry 5, Assassin’s Creed Valhalla, Dirt 5 и Call of Duty: Black Ops Cold War имаат повеќе фрејмови за играчите кои играат на PlayStation. Без ограничување на фрејмрејтот PlayStation 5 има подобри резултати. Со вклучен ray tracing Xbox има незначителна предност.

Причината за ова засега е непозната. Хардверски не постои „ тесно грло“. Ниту графичкиот процесор, ниту процесорот, ниту рамот не се проблем за конзолата. Коментарите се дека станува збор за проблеми во развојот на игрите. Кај PlayStation 5 алатките се надградба на постоечките, но кај Xbox е сосем нов систем.

Microsoft за Verge ги потврди податоците од видета. Компанијата работи со девелоперите за надминување на овие проблеми. Веќе се најавени закрпи за Dirt 5 и Assassin’s Creed Valhalla.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии