Xbox One добива опција за снимање и репродукција на содржина

Microsoft најави нова услуга за корисниците на Xbox One, со која наскоро ќе можат да ги користат своите конзоли за снимање и репродукција на содржини со помош на новиот DVR сервис. Најавата дојде од Мајк Ибара на најголемиот саем за видеоигри во Европа, Gamescom. Можноста за следење на телевизиски програми без претплата до некој оператор е присутна од април, но новиот сервис ќе овозможи снимање и потоа репродукција на снимената програма.

Преку апликацијата може да се вклучи и тајмер за почеток на снимање, а снимањето може да работи во позадина додека корисникот игра видеоигра или гледа друга програма. Понатаму стримот од Xbox One конзолата може да се испрати и на било кој Windows 10 уред во домот, телефон, таблет или десктоп компјутер. Доколки немаат време за гледање на снимената програма можат да ја преземат и да ја гледаат подоцна, вели GeekWire. Најверојатно најважната вест за сопствениците на Xbox е дека „backward“-компатибилноста која беше најавена на E3, доби и период во кој ќе биде реализиран – ноември оваа година.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии