WWDC 2016: OS X е macOS, Siri е вештачка интелегенција и часовникот сега e покорисен

Дејан Соколоски

во Свет

Worldwide Developer Conference 2016 започна со минута молк за жртвите на нападите од Орландо и со статистика за продажбите на Apple. На апликации за оперативните системи на Apple сега работат над 13 милиони развивачи од кои само во последната година нови 2 милиони развивачи се додадени.

„AppStore започна пред 8 години со 500 апликации, а сега имаме повеќе од 2.000.ооо милиони апликации. Овие апликации имаат над 130 милијарди преземања, а девелоперите заработија над 15 милијарди долари. Ова ни овозможи, да ги имаме најдобрите апликации за корисниците“, вели директорот Тим Кук, на самото отворање WWDC 2016.

 

Новиот оперативен систем за часовници, WatchOS 2, ќе овозможи чување на најкористените апликации во меморијата, што значи дека истите ќе се отвораат речиси веднаш. Корисникот ќе може самиот да ги постави овие апликации со помош на копчето од страна, а оперативниот систем сега е поедноставен, и посличен до iOS. Така, провлекување отвора менија, а корисниците сега можат набрзина да одговораат на повиците, со пишување на екранот со прстот, по ова апликацијaта ќе ги препознае буквите и ќе ги склопи зборовите. Часовникот може да препознае букви од различни јазици.

appleWatch

Timer, Lyft, Reminders, Find my friends, се дел од апликациите кои беа презентирани. Апликацијaта 911 овозможува испраќање на порака и мапа до службите за идна помош, заедно со медицинскиот картон, а оваа апликација е достапна глобално, со автоматско повикување на соодветната служба за итна помош во државата во која корисникот се наоѓа.

Apple од претходно препозна дека засега паметните часовници главно се користат како фитнес додатоци, па овојпат го усовршија овој дел. Можноста за споделување на вежбите со пријателите може да ги испратите вежбите, текст пораки, пулсот, па дури и аудио пораки. Според Apple, ривалството ќе им помогне на корисниците за повеќе да вежбаат. Компанијата работи на прилагодување на следењето за корисниците кои се инвалиди и се во количка, за кои вообичаеното движење не е релевантно. Новата верзија на оператвниот систем доаѓа со подобра SpriteKit и Scene Kit, повеќе Crown и Touch настани, аудио, видео, Game center и интеграција со облакот. Првата „preview“ верзија е достапна, а наесен доаѓа за сите Apple Watch.

Минатата година Apple најави дека tvOS и апликацијата ќе бидат иднината на телевизијата. Телевизијата сега има над 1.300 канали и над 6.000 апликации кои се веќе достапни за Apple TV. Новитет е попаметниот асистент Siri, кои сега може да препознае како „Пронајди филм од осумдесетти“ или „Шутеви за тројка на Youtube на Стив Кари“, на барање на корисниците tvOS сега како далечинско може да се користи iPhone.

Нагаѓањата околу промената на оперативниот OS X беа точни. Тој ќе се ребрендира во macOS со назнака Sierra. Новитет е можноста за отклучување на Mac компјутерот со помош на часовникот. Можноста за синхронизација доаѓа со „универзален клипборд“ кој овозможува copy & paste од еден на друг уред. Optimize storage е нова апликација која овозможува оптимизирање на дискот преку празнење на привремените податоци, организирање на фајловите и прикачување на помалку користените на облакот. Како и Cortana на Microsoft, и Siri на Apple се префрла на десктоп, а можностите се нешто повеќе од претходно, па се чини дека и најавите за вештачка интелегенција на Apple се вистина. За развивачите Sierra ќе биде достапна од денес, во јули почнува јавна бета, а официјалната верзија излегува наесен.

Најголемата промена на iOS 10 се забележува на почетниот екран. Нотификаците пристигаат на овој екран, а телефонот се „буди“ едноставно преку подигање. Командата 3D touch овозможува куп различни интеракции за корисниците, кои повеќе зависат од развивачите, отколку од Apple. Претпоставките за Siri се точни, па компанијата најави дека ќе го отвори гласовниот асистент за развивачите, а ова можеби е она што најмногу од корисниците и девелоперите сакаа да го слушнат. Промени доаѓаат на тастатурата која доаѓа вештачката интелегенција на Siri, а Siri доаѓа и до фотографиите, па може да пребарува и да анализира фотографии и да препознае што има на нив. Таа функционалност ја овозможува апликацијата, Memories која овозможува пакување на фотографии и видеа во пакет, и креирање на видео колаж од слики и видеа.

„Siri има над 2 милијарди барања, а сега има многу повеќе бидејќи ја отвораме Siri за развивачите“.

iOS би бил некомплетен без апликации, наголем новитет е Maps кој сега е отворен за девелоперите, а може да се користи, насекаде. Интеграцијата овозможува пронаоѓање на рестoран, повикување на Uber и следење на возилото без напуштање на Maps.

Промени има на Apple Music каде има целосен редизајн. Дизајнот сега е метро, но барем засега не се исполнети очекувањата на дел од експерите кои очекуваа спојување на iTunes и Apple Watch. Дел од апликациајта сега е некаква социјална мрежа фокусирана кон корисникот, а доаѓа и со избор на статии, Beats-радио или избор на различни станици.

Apple Pay е една од функционалносите на кои Apple обрна внимание на сите платформи од ApplePay on web, ApplePay на AppleWatch. Apple Pay овозможува купување преку веб, но авторизација на исплатите преку iPhone.
Најголем дел од надградбите се веќе достапни во верзии за девелоперите, а официјалните верзии доаѓаат наесен.

apple-wwdc-2016

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии