WTI Macedonia ќе излезе со понуди во јануари 2012, ќе го користи префиксот 073

По неколку месечните подготовки виртуелниот оператор WTI Macedonia се договори со One да ја користи нивната мрежа за давање на услуги од мобилната и фиксна телефонија.

Иако претходно беше најавено дека WTI ќе стартува до крајот на годината, сепак виртуелниот оператор ќе започне да нуди услуги во 2012-та.

„Услугите во мобилната телефонија ќе почнат во текот на следните неколку недели (како пробен период), со делење SIM картички со префикс 073 на неколку стотини граѓани. Комерцијалните услуги во доменот на фиксната телефонија и интернет услугите ќе почнат во јануари 2012.“, вели WTI Macedonia за Нова Македонија.

WTI нема ништо конкретно најавено на својот сајт, а на своите друштвени профили само прашува „Дали сте подготвени за 073?“. Претпоставката е дека ако има некоја конкретна понуда, неа првин ќе ја видиме на друштвените мрежи.

2 коментари на “WTI Macedonia ќе излезе со понуди во јануари 2012, ќе го користи префиксот 073

  1. O Rly?

    Од последните информации WTI се шворц, папак …

    ВЕ МОЛАМ, ама ВЕ МОЛАМ, да не се продавате волку евтино.
    Баш ме интересира колку пари ви дале за да објавите ваква лага.

    И тоа малку читачи што ги имате ќе си заминат.

    -1 од мене.

    Позз.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии