(Ова е гостински пост на Емир Слезовиќ, ко-организатор на Funky CoWorking Friday, настан кој ја промовира coworking културата во Македонија. Постот е првично објавен на Medium, и реобјавен со негова дозвола)


Во ерата на дигиталната економија се отвора нова можност за работа која не е зависна од фиксна канцеларија, и флексибилни работни часови и слобода во начинот на работење. Интернетот, новите алатки за комуникација и соработка помогнаа да се створи нов начин на работа и „lifestyle“ наречен дигитално номадство.

Дигитални номади се индивидуални професионалци кои со помош на новите технологии заработуваат и живеат како номади. Тие ги менуваат традиционалните работни места и осмислуваат како тие би можеле виртуелно да функционираат. Користејќи ги нивните (пред се ИТ) вештини, дигиталните номади ја уживаат можноста за живеење во нова средина и култура.

Често луѓето мислат дека дигитални номади се претприемачи кои работат самостојно. Сепак, дигитални номади можат да бидат фриленсери, како и вработени во компании кои работат надвор од канцелариите т.н. „remote workers”.

Дигиталното номадство се стимулира и од фактот дека се повеќе компании вработуваат „remote workers”. Во САД, во блиска иднина се очекува дека бројот на работници од дома ќе достигне повеќе од 40 проценти од вкупниот пазар на труд.

sende

Некогаш живеењето дома може да биде поскапо отколку живеење во нова држава. Тоа значи дека користењето на разликата меѓу економиите во светот оди во прилог на дигиталните номади кои заработуваат од клиенти во поразвиени држави додека живеат во земји со понизок стандард како што се земјите во Азија.

Од што се може да се заработи како дигитален номад

Дигиталните номади заработуваат од било која работа која е независна од локацијата вклучувајќи блогирање, веб дизајн, онлајн менторство, маркетинг, финансиско планирање, инвестирање, графички дизајн, преведување, организирање на тренинг обуки, итн. Иако звучи атрактивно, сепак постојат предизвици за работа како дигитален номад.

#Одржување на рутина. Една од најважните работи за да се извршат обврските е да се има рутина. Кога постојано се патува и се менуваат места одржувањето на рутината претставува голем предизвик.

#Осаменост. Работење од нови земји може и да значи често да се биде осамен. Треба подготвеност за ваков зафат, да се прифати осаменоста и да се знае како квалитетно да се помине времето со себеси. Често дигиталните номади работат од coworking простори, за да се поврзат и социјализираат со локалната заедница.

tr

#Баланс на работа/слободно време. Кога се искусува нов град, тешко дека работа ќе биде првото што ќе ти падне на памет, бидејќи сепак секој сака да го види градот, да прошета и да го помине времето во истражување на културата. Цело ова време е време поминато во незавршена работа.

Како што вели поговорката, патувањето те прави побогат, а работата го краси човекот. Зошто не се искомбинира работата и патувањето за креирање ново искуство како дигитален номад?