WoW започна да нуди бесконечен тест период, но само до 20-тиот левел

Новиот „почетнички пакет“ доаѓа со многу ограничувања. Покрај тоа што сте ограничени на 20 ниво, нема да може да соберете повеќе од 10 златни парички, со ограничување на вештините на 100, како и неможноста да тргуваат преку аукции, со други играчи или CoD.

На корисниците на „почетничкиот пакет“ на голема жал ќе им биде ускратено ММО искуството со оглед на тоа дека нема да можат да учествуваат во групни активности. Нема да можат да влегуваат во групи, никаква можност за влез во гилдови или влегување во групи со карактери повисоки од вашето ниво секако не може да биде добра реклама. Од останатите поважни ограничувања се што карактерите нема да можат да четуваат на јавните канали, односно нивно ограничување на разговори во групата, „шепотење“ и локални канали. Конечно Blizzard ќе ги остава новите играчи на крај на редот на чекање при логирање на серверите. Целосната информација за ограничувањата можете да ја погледате тука.

Trial Account Restrictions
– A level cap of 20.
– A maximum of 10 gold.
– Trade skills are capped at 100 ranks.

– Unable to trade via the Auction House, mailbox, or player-to-player.
– In-game access to public chat channels unavailable. Players are limited to communicating using only say, party, or whisper.
– Characters will be unable to create or join guilds.
– Characters are not able to send whispers to other characters unless they have been added to the characters’ friends lists or have received a whisper from a character first.
– Characters will not be able to invite other players into a party.
– Characters will not be able to join parties with other characters above level 20.

– Voice chat disabled on Starter Edition accounts.
– Realms experiencing login queues will prioritize players who have full, paid accounts.
– Starter Edition accounts are not eligible for character transfers
RealID features are disabled on all Starter Edition Accounts.

Заедно со ваа најава Blizzard најави дека WoW Vanila и експанзијата Burning Crusade од сега се продаваат заедно. Пакетот се продава за 20 евра и е достапен во оналајн продавницата. Дополнително, ако сте сопственик на основниот пакет од World of Warcraft бесплатно ќе бидете надградени во Burning Crusade.

Дали ќе успеат во својата намена уште повеќе да ја популаризираат веќе популарната игра останува да видиме. Сепак можеби и во Blizzard го чуствуваат налетот на квалитетни бесплатни ММО игри, како и најавите на Guild Wars 2 и Star Wars: The Old Republic за подоцна годинава. Сепак според мене ова и не е баш некој специјален потег, ако сакаа да привлечат сериозен број на корисници Blizzard можеа да дозволат бесконечен пробен период со оргиналната експанзија и ограничување до 60 ниво. За илустрација откако Team Fortress се префрли на freemium модел стана најиграна игра на Steam поминувајќи ја Counter Strike.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии