WOTLK во ноември

IT.mk редакција

во Свет

{mosimage}Конечно, Blizzard го одреди датумот кога второто продолжение на World of Warcraft, онлајн видео игра со около 10 милиони играчи од целиот свет, ќе биде пуштено во продажба. Денот кога ќе може да се купи Wrath of the Lich King е ….. 13 Ноември. Wrath of the Lich King продолжението ќе донесе уште еден свет за истражување, играчите ќе можат да достигнат ново 80 ниво, и ќе биде претставена нова класа за играње – Death Knight.

Овој пат во приказната на WoW, ќе биде вмешан принцот Arthas Menethil – „The Lich king himself", кој е еден од главните ликови на оригиналната Warcraft. Blizard Inc. со оваа продолжение ќе ги смени талентите на класите со кои може да се игра, ќе воведе нова професија и … еве ја листата на новите додатоци во играта:

{mosimage}

  • Нов континент – Northrend
  • Нова класа – Death Knight
  • Нова професија – Inscription
  • Нови зандани ( dungeons), end-game инстанците ќе можат да се играат со 10 или 25 играчи
  • Нова PvP зона – wintergrasp, ќе можат да се уништуваат згради
  • Максимум левел на карактерот зголемено на 80
  • Воведен нов вид на квестови – достигнувања, секое достигнување ќе отвора нов квест
  • Нови таленти и магии
  • Нови арени
  • Бербери и фризери, ќе можат да се смени изгледот на карактерот (долго време ова беше мака на играчите)…

{youtube}7VSZc2Mc5iQ{/youtube}

Сега за сега WOTLK е во бета, тест фаза, а пред нејзиното официјално објавување ќе биде имплементиран нов patch 3.0.2 со кој ќе се сменат талентите и ќе биде преставена новата професија.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии