World of Warcraft е сеуште крал на MMO игрите

Без разлика на проблемите и намалување на претплатата World of Warcraft сеуште владее со пазарот на Massive Multiplayer Online (MMO) игри.

Минатата година играта на Blizzard доминираше со 36 отсто од вкупната заработка од видео игри или нешто над милијарда долари, според податоците на Superdata Research.

Сепак во Blizzard можат да бидат загрижени од фактот дека заработката во најголем дел е во рацете на игрите кои доаѓаат без задолжителна претплата. Во првите 10 единствена друга видео игра за која е потребна претплата е EVE Online, но оваа игра овозможува купување на месечната претплата во самата игра. Трендот на опаѓање на претплатите започна во 2010, а според превидувањата ќе продолжи и во текот на оваа година па дури и во 2015 г.

Elder Scrolls Online која излезе во април е една од ретките игри кои всушност добро котираат кога е во прашање бројот на претплати со над 770.000 активни играчои во јуни. World of Warcraft е сеуште водечка со 7.6 милиони играчи во април.

 

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии