„Citzalia е демократија во акција. Ова е онлајн игра со друштвен форум кој е сместен во виртуелен 3Д свет што ја доловува суштината на Европскиот парламент. Можеби ќе препознаете и делови од зградата.“ пишува на сајтот.

Иако инспирацијата за Citzalie дошла од популарната World of Warcraft сепак нема да има орки и елфови, туку играчите ќе можат да бидат парламентарци или новинари или студенти кои ќе дебатираат и гласаат.

„Ова е експеримент за средства за зближување на најдобрите трендови на интернетот за да се стимулира дискусија за Европа. World of Warcraft ни беше една од инспирациите. Тоа е најголемата онлајн игра, и таа покажува дека има огромна публика за 3Д световите.” вели ESN менаџерот на проектот, Ахмед ЕлАмин, за Guardian.

Citzalia ќе содржи 3Д виртуелен парламентарна зграда која е креирана според Европските парламенти од Брисел, Стразбург и Луксембург, а ќе има и Граѓански плоштад, Прес центар, зона за деца, библиотека и EU Lex Lab за симулација на законодавните процеси.

Играчите ќе добиваат поени и ќе качуваат левели зависно од успех на предложеит закони, пишување текстови за онлајн весници…

За учество во бета тестирањето на Citzalia може да се регистрирате тука.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии