Апликација на денот: Тастатурата Word Flow е достапна за iOS

Image courtesy of Windows Central

Tастатурата на Microsoft која досега беше достапна единствено на Windows Phone, сега е достапна и за iPhone. Word Flow најверојатно е најдобрата тастатура која овозможува пишување со една рака, и е навистина корисна за корисниците кои сакаат телефони со поголем екран. Буквите се распределени полукружно, па секојпат се на дофат на палецот што го олеснува користењето. Слично како и останатите тастатури, и Word Flow доаѓа со предвидување на зборови, дел од нив доаѓаат од речник, а имињата на пријателите од именикот на телефонот.

Засега тастатурата е достапна на App Store во САД, но наскоро се очекува да биде достапна глобално, а најавена е и верзија за Android телефони. Но, доколку сакате да ја симнете веднаш, тогаш сменете ја локацијата на iTunes Store.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии