WordPress се подготвува за веб доминација, воведува специјални веб сајтови

WordPress.com како блог платформа за создавање веб сајтови расте од ден во ден, а за тоа се заслужни луѓето од Automattic, компанијата која стои буквално позади се што работи на WordPress, како и самиот тој софтвер.

Порано, тоа беше само софтвер за блогирање, а денес се работи за еден одличен и многу моќен систем за управување со содржината (анг. CMS – Content Management System). Како Autommatic стигна до ова ниво и планира да продолжи да руши се пред себе? Така што, од компанијата директно го рекламираат својот производ како успешно решение за платформа за својот веб-сајт за бендови, свадби, градови и нешто најнови – ресторани.

Преку овие нови „сервиси“, од Autommatic на своите корисници им нудат лесно управување со својот веб-сајт кој ја обработува таа темата. На пример, новата можност за веб-сајт за ресторани им нуди на корисниците едносавно создавање на мени. Додека пак, проектот „Cities“ доаѓа со веќе готови нацрти кои е потребно само да бидат пополнети со информациите за градот.

Во моментот 17,4 посто од најдобрите милион сајтови во светот работат на WordPress, исто како и IT.com.mk. Изгледа дека Automattic со WordPress се спремни за целосна веб доминација, а дали ќе успеат во своите цели ќе покаже времето.

3 коментари на “WordPress се подготвува за веб доминација, воведува специјални веб сајтови

  1. на WP му останаа уште неколку работи, од кои како да го реши upgrade проблемот. Matt самиот си кажа дека не е задоволен како има доста работи што не се backwards compatible. Како и да е, инспириран е од Google, поточно Google Chrome, па целиот WP оди натака – upgrade на системот без да знае самиот автор/програмер. Се да се случува во позадина.

    Кога ќе го решат ова останува да одлучат дали сакаат да го земат колачот и на Магенто или не. Drupal е премногу конфузен, Joomla е година/две поназад од WordPress. Инаку, 63% од топ 1,000,000 сајтови кои работат на CMS го користат WordPress.

    1. И тука е најголемиот проблем на WordPress, плагини. Сите се зависни од некои други а и од специфични верзии на самиот WordPress.

      Кога излегува нова верзија на WP не дај боже да направиш upgrade без да провериш дали сите плагини се компатабилни со неа. А и самиот upgrade на некој плагин може некој друг да 'заебе'. Или пак неможеш да го upgrade-уваш бидејќи некој друг плагин нема нова верзија па треба да чекаш првин за неа да излезе update.

      Не зборувам само за бесплатни плагини, туку и за тие што се продаваат. Хаос е ситуацијата.

      1. Се слагам. Тотален хаос е, ова прашање му го поставија на Мет во Сан Франциско, рече имаме план и за тоа, 2013 или 2014 на крај (Не ме фаќај за збор) вети дека ќе има background update на WordPress исто ко што има на Chrome.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии