(ова е текст на Елена Игнатова превземен од сајтот на фондацијата Метаморфозис. Го објавуваме текстот со цел да промовираме .мк веб сервиси.)

Преземете го плагинот: Ping.mk Share Button.

Следува мала инструкција како да го инсталирате плагинот на вашиот WordPress сајт:

  • Преземете го плагинот Ping.mk Share Button.
  • Најавете се на вашиот WordPress сајт. Од левата страна, од менито кликнете на „Plugins“ и потоа на „Add New“.

Add_new

  • Откако ќе ви се отвори екранот за инсталирање на дополнителни компоненти, од менито кое ќе се појави во горниот дел од екранот кликнете на „Upload“.

upload_plugin

  • Во следниот чекор кликнете на копчето „Browse“, лоцирајте го претходно превземениот плагин на вашиот диск и кликнете го копчето „Open“. За да започнете со инсталација на плагинот кликнете на „Install Now“.

file_upload

  • Ќе ви се отвори екран во кој може да го видите прогресот на инсталацијата на плагинот. Кога ќе ја видите пораката „Plugin Installed successfully (Плагинот е успешно инсталиран)“, кликнете на линкот „Activate Plugin“ за да го активирате плагинот.

activate_plugin

  • Со оваа постапка го инсталиравте плагинот на вашиот WordPress сајт и сега потребно е да го конфигурирате. За да го направите тоа, од левата страна, од менито изберете „Settings“ и потоа од дополнителните линкови кои ви се појавуваат изберете Ping.mk.

settings

  • Во овој екран може да изберете како и каде да се појавува копчето за пријавување на написи на Ping.mk. Откако ќе ги прилагодите сите опции кликнете на „Зачувај промени“.

ping.mk_opcii

  • Проверете го вашиот сајт и во деловите кои ги имате избрано да се прикажува копчето, сега ќе го има копчето за споделување на Ping.mk.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии