WordPress доби редизајн за да остане конкурентен на новите блог платформи

WordPress не е подготвен да се откаже да биде омилената платформа за блогерите; иако Medium, Facebook и други сервиси стануваат сѐ попопуларни. За да остане конкурентен, WordPress го добива Calypsо, проект на кој работат 127 инженери и дизајнери и во развој е 20 месеци, вели Мет Маленвег, директор на Automattic, компанијата зад WordPress. „Основната парадигма на WP е речиси иста како пред пет години. Работата во него стана ограничување. Подготвени сме за нешто ново, нешто поголемо… Но ако сакате коренити промени, мора да бидат со добра причина – 20 пати подобрување, а не само два пати. Најголем дел од проектите со отворен код избледуваат пред да направат еволутивен скок,“ вели г. Маленвег.


Calypso е друго име за редизајниран WordPress.com, кој наместо PHP станува JavaScript платформа со помош на Node и React. Идејата е да се понуди модерен и responsive дизајн. Но, креирањето на платформата не беше без предизвици, бидејќи Automattic се соочи со недостаток на средства и неподготвеност на технологијата. „Новиот интерфејс на WordPress.com изгледа дека ќе го предизвика Medium, со новите функции за откривање и препораки, кои се позајмени од структурата на поновата платформа,“ објасни The Next Web.

Сепак можеби најдобрата вест е дека Calypso доаѓа со отворен код, па целата заедница ќе може да придонесе за подобар квалитет. Платформата може да ја користат сите WordPress сајтови, а единствено е потребно да се инсталира плагинот Jetpack.

1 коментар на “WordPress доби редизајн за да остане конкурентен на новите блог платформи

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии