Word за Android стаса до 1 милијарда корисници

Над милијарда корисници на го инсталирале Microsoft Word на своите Android телефони. До скоро Word беше првата апликација на Microsoft со над 500 милиони корисници, а сега е и првата со над милијарда корисници, пишува Android Police.

Она што може да ги радува во Microsoft е дека со промената на насоката и откажување од телефоните со Windows оперативен систем Microsoft всушност е пораспространет од било кога. Најголем дел од апликациите на Microsoft бележат раст, покај Word сега и Excel, OneDrive, PowerPoint и OneNote имаат над 500 милиони инсталации. Outlook е со над 100 милиони инсталации. Секако Microsoft има договор со дел од производителите нивните апликации да доаѓаат преинсталирани на телефоните. Samsung кој е најголем производител на Android уреди има ваков договор со Microsoft.

Без сомневање дел од овие инсталации на телефоните ретко, а веројатно и никогаш не се искористени. Секако дури и вака ова е голем исчекор за Microsoft кој по промената на раководството, и носењето на Сатја Надела има поинаква насока.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии