Wolfsbane новата видеоигра на македонското студио Workbench Entertainment достапна во април

Новата игра на македонското студио Workbench Entertainment, Wolfsbane ќе биде достапна во „early access“ од 14-ти април.

Wolfsbane е прва мултиплеер видеоигра на Workbench Entertainment кои веќе ја објавија хорор играта Wounded. Овојпат играчите ќе треба да соработуваат и да го откријат „натрапникот“. Жанрот е „Imposter game“. Пандемијата придонесе во популарноста на „Amongst Us“ која во моментов е најлесно препознатлив претставник на жанрот.

Максималниот број на играчи во Wolfsbane ќе биде 10. Се разбира, играта може да започне и ако бројот на играчи во лобито е помал. На почеток на играта секој од играчите добива своја улога (role) во селото. Улогата има свои уникатни способности кои имаат влијание врз гејмплејот. Еден од играчите се претвора во волк за време на мечот, но кој од играчите ќе биде тоа не се знае се додека не дојде фазата на симптоми. Тука се разликуваме од останатите “Impostor” Games. Тоа не е единствениот уникатен елемент во играта, но во моментот не можеме да откриеме повеќе.

Веќе ги имаме и минималните спецификации кои ќе бидат потребни за да може да уживате во ова игра: Intel Core i3-530; 4GB RAM; 2GB VRAM, NVIDIA Geforce GTX 650 / ATI Radeon HD 7750 и 5GB слободен простор.

Повеќе информации за Wolfsbane може да прочитате во нашето интервју со тимот кој работи на играта.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии