Wolfram направи алгоритам кој ги препознава и анализира сликите

Wolfram прeзентира нова импресивна алатка која анализира слики и ви кажува што има на сликата. ImageIdentify не е совршена па прави и грешки, но ова е една од првите достапни алатки кои овозможуваат анализирање на сликите. Сликите кои корисниците сакаат да ги анализираат се внесуваат едноставно со „drag and drop“, без разлика дали се внесува линк до слика, фотографија од телефон или прикачувате слика на алатката. Понатаму според Wolfram за неколку секунди ќе добиете податок за тоа што алатката мисли дека се наоѓа на сликата, иако дел од моите обиди траеа и неколку минути.

За креирање на базата на податоци Wolfram анализирал неколку десетици милиони слики на кои се базираат сегашните прогнози. Во моментов Image Identify може да препознае околу 10.000 објекти, иако има проблем со уметност, луѓе и невообичаени објекти. Сепак ова несомнено ќе се поправи со анализа на дополнителни слики. Сервисот задржува верзии на сликите кои ги споделувате за да ја подобри анализата.

За разлика од Goggles и Amazon Firefly, Image Identify најверојатно нема да се користи за продажба на предметите кои ќе ги пронајдeте, вели Verge.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии