Wiser ќе ви го поедностави комплицираниот Android

Паметните телефони се паметен и комплексни, со куп опции, апликации и во случајот на Android, со виџети и со интерфејс кој се разликува на различни телефони. За многу корисници кои немаат ИТ вештини за да се снајдат, Android може да биде напорно искуство. Но, затоа е тука Wiser да го олесни користењето. Wiser не е апликација, туку е таканаречен launcher кој ќе го модифицира интерфејсот, во овој случај поедностави, со минимизирање на функционалностите и фокусорање на опциите кои се најважни.

Наместо стандардниот почетен екран, со Wiser стартувате со само шест икони: за контакти, за вртење, за пораки, камера, галерија и за апликација, кои можат едноставно да се променат и да им се додаваат други „омилени“ апликации и контакти. Секако третите апликации ќе си го задржат дизајнот и функционалностите, разликата е само со почетниот екран. Тоа што го прави Wiser одличен е што дозволува на луѓето кои првпат се сретнуваат со паметни телефони, да научат брзо како се користат апликации и потоа да направат полесна транзиција кон посложениот Android.

[youtube]jj_mmKr3EbQ[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии