Winter bike to work Day – вози точак и во зима

Овој петок по 6-ти пат се случува меѓународната акција „Winter bike to work day“, a по 4-ти пат и во Скопје.

Целта на оваа акција е да се популаризира возењето на точак и во зима. Граѓаните може да се регистрираат на официјалниот сајт и да си даваат меѓусебна поддршка. На сајтот може да видите и дека има светско пријателско натпреварување помеѓу градовите.

Скопје засега е на 5-то место, со пријавени 278 лица кои се обврзале дека овој петок ќе возат точак. Во локалната акција се вклучени и неколку локали од Скопје кои ќе нудат различни поволности за оние кои утре ќе ги посетат со велосипед. Мапата и поволностите погледнете ги тука и следете го Facebook настанот за повеќе.

Нашите благи зими се сосема соодветни за возењето точак да не престане преку целата година. Со соодветна облека, соодветна опрема за точакот и заштитна маска за деновите кога воздухот е загаден, возењето точак може да трае 365 дена во годината.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии