Windows верзија на OmmWriter се очекува во следните неколку недели

OmmWriter е едноставен процесор на текст, кој нуди едно сосема различно искуство од на пример Microsoft Word. На нивната страница велат дека сакаат да ја имитираат интимноста која ја има оној кој пишува со хартијата, што би овозможило подобар тек на инспирацијата. OmmWriter го прави тоа така што наместо интерфејс со многу копчиња и маргини, нуди минималистички чист простор со позадина која вие сами ќе ја одберете, и музика за да ве оттргне од секојдневниот шум во позадината. Дури можете и да си одберете звук кој ќе се огласува на секое притиснато копче на тастатурата и уште повеќе да ја доловите саканата атмосфера.

Од компанијата веќе пуштиле неколку копии да ги тестираат блогери и нивниот впечаток е и повеќе од позитивен.

Засега OmmWriter е достапен само за MAC компјутери. Има и бесплатна верзија и верзија која се купува, со повеќе опции.

Introducing OmmWriter Dāna from herraizsoto&co on Vimeo.

2 коментари на “Windows верзија на OmmWriter се очекува во следните неколку недели

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии