Windows Sandbox функционалноста наскоро достапна на Windows 10

Дејан Соколоски

во Софтвер

Microsoft официјално објави дека Windows 10 Pro и Enterprise верзиите ќе добијат нова функционалност – Windows Sandbox.

Станува збор за виртуелна машина базирана на истите технологии како и Windows Containers. Функционалноста ќе помогне за поголема безбедност на корисниците. Секој софтвер кој ќе работи во виртуелната околина ќе работи како на нова инсталација на Windows.

Дополнително, ова овозможува безбедно тестирање на софтвер за чие потекло не сме сигурни. Windows Sandbox користи хардверска виртуелизација за изолација на посебен Kernel на кој Windows Sandbox работи. Со ова сѐ што работи во виртуелната машина е сосем изолирано до остатокот од машината.

За користење на Windows Sandbox е потребна Windows 10 Pro и Enterprise инсталација и надградба 18305; AMD64 architecture; виртуелизација вклучена од BIOS; барем 4 GB RAM (препорачани се 8 GB RAM); барем 1 GB диск (SSD препорачан); 2 јадра (препорачани се 4 јадра).

Верзијата на Windows 10 – 18305 засега не е ниту во Insider програмата, иако не е исклучено да се појави пред крајот на ова недела.

2 коментари на “Windows Sandbox функционалноста наскоро достапна на Windows 10

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии