Windows Phone Marketplace брои повеќе од 130.000 апликации

Во моментот на Windows Phone Marketplace се наоѓаат 130.000 апликации, особено истакнувајќи го големиот раст за два месеци, со оглед на тоа дека при крајот на минатата година бројката на апликации изнесуваше околу 75.000. Oвие статистики ги објави директорот на Nokia, Стиве Елоп, на World Mobile Congress на кој беа претставени и два нови Windows Phone 8 телефони – Lumia 720 и Lumia 520.

Во споредба со бројот на апликации достапни за Android и iOS, оваа бројка сè уште е ситна, но сепак таквиот раст на апликации и зголемувањето на развивачите на платформата, потврдува дека Windows Phone оперативниот систем зима сè поголем замав.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии