Windows Phone 8 Apollo ќе има интеграција со Skype и Windows 8

Мicrosoft потготвува големи промени во следната 8-ма верзија на Windows Phone платформата која е наречена Apollo. Најголемата новина ќе биде интеграцијата со Skype, кој во пред девет месеци беше купен од Microsoft за 8,5 милијарди долари.

Аpollo ќе има и подобра поддршка за хардверските компоненти, поточно поддршка за мултикор процесорите, нови екрани со поголеmа резолуција, microSD картичка која ќе може да се вади од уредот, и поддршка за NFC технологијата за мобилно плаќање, открива менаџерот за Windows Phone, Џое Белфоир, за Pocketnow.

Мicrosoft ќе го интегрира и новиот опретивен систем Windows 8 со новатa Windows Phone 8 платформа. Г. Велфоир вели дека програмерите ќе можат да портираат апликации од десктоп на телефони, и дополнително xBox Companion апликацијата која ја има на Windows Phone ќе добие своја верзија и за Windows 8.

Датумот кога ќе биде објавена оваа нова верзија сè уште не е познат, но се знае дека Мicrosoft очекува во Marketplace да има 1000.000 апликации пред да ја објави верзијата. Моментално пазарот има 50.000 апликации.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии